Јавноста будно го следше и денешното рочиште за случајот „Рекет“, каде пред судот сведочеше бизнисменот Јордан Камчев. За универзитетскиот професор Димитар Апасиев постојат три битни точки од сведочењето, кои не треба да поминат незабележено.

Од исказот на пропеаниот сведок-митаџија ОРЦЕ КАМЧЕВ издвојуваме:

 

1. „Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, ми кажа дека сум под посебни истражни мерки и ми понуди за 100.000 евра да бидам соработник. Ми понуди и да ми издејствува поблага мерка…“.

За судијката Димишкова, Апсиев коментира „Судијката уште си суди, Советот к*р го боле за Овче Поле“.

2. „Обвинителката Лиле Стефанова, преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец, барала Камчев да ѝ купи деловен простор на ќерка ѝ за стоматолошка ординација во зградата „Пегла“ на Адора Инженеринг“.

За овој дел од сведочењето Апасиев потсетува „чија ќерка води млаџи Чифлиганец, знаете ли?“, алудирајќи на врската на Душко Чифлиганец и Ева Заева, ќерката на Вице Заев.

3. „Боки 13 и Сергеј Варошлија го малтретирале и уредникот во 1ТВ – Ацо Кабранов. Ноќе му се јавувале со мутирани гласови да му се закануваат, го терале да пријавува во полиција, за на крај Јовановски да излезе негов спасител“, завршува Апасиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.