Шверцери бевте, шверцери останавте, порача претседателот на Левица, професорот Димитар Апасиев, коментирајќи ги измените што власта ги протна неполн час пред завршувањето на вонредната состојба.

Како што променија Устав, како што прошверцуваа двојазичност, како што ден пред распуштање на Собранието изменија 1/3 од Изборниот законик без консултации со опозицијата, така и денес – ден после завршувањето на вонредната состојба, објавуваат Сл. весник на РМ со пичкљарда владини уредби во него, и тоа приквечерта!?

Со тоа прават досега невидени дисторзии у цела изборна кампања, особено во медиумското претставување на партиите. Грујо ова да го напраеше, ќе имаше пишчење-вришчење, сечење вени и НАТО прелети со борбени авиони уште ноќва.

Ама ако, ова е последно од вас и КУРТУЛ. Очи да не ви видиме више у Влада, ситнодушци едни непрокопсани.
Ноќеска почињаме кампања, а за 20 дена ве детронизираме за вјек и вјеков, порача Апасиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.