Лидерот на Левица, Димитар Апасиев предвидува дека СДСМ на овие избори ќе доживее вистински дебакл.Тој во интервју за „Лидер“. Тој дури и предвидува дека власта ќе ја доживее судбината на партијата ПАСОК која речиси исчезна од политичката сцена во Грција.

Апасиев смета дека беше чист политички блеф на СДСМ дека сака на неколку месеци пред избори да се промени изборниот модел.

СДСМ не сака да го промени моделот. Да сакаа, ќе го променеа досега. Дури и по препораки на Венецијанска комисија вам ви е забрането неколку месеци пред избори да го менувате изборното законодавство. Промена не сакаат ниту ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – нагласува Апасиев.

Лидерот на Левица се надева дека на овие избори ќе освојат четири до пет пратеници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.