Откако го нарече Талат Џафери нашиот „Че Гевара“ и рече дека нема да го гласа, лидерот на Левица Димитар Апасиев по завршувањето на седницата побрза да му честита на старо-новиот претседател на Собранието.

Апасиев рече за Џафери дека од „Герила влегол директно од Влада“ и оти им ги фрлал амадманите за Законот за јазици на опозицијата во корпа и го читал Шопов во Собранието.

Му забележа и што не прозборе ни збор на македонски јазик и што актите ги потпишува на латиница наместо на кирилица

Сепак кога камерите не снимаа Апасиев и Џафери си подадоа рака и си ветија добра соработка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.