Претседателот на Левица Димитар Апасиев обвини дека ова се најнерегуларните избори откога постои Македонија, реагирајќи на хаосот кој во моментот се случува во Државната изборна Комисија.

Двајца фиксни! Тројца украдени!? Хаос во ДИК. Идеме на рачно броење… На повидок тежок фалсификат. Најнерегуларни избори откога постои Македонија!
Одиме до КРАЈ!!!, порача Апасиев.

Aпасиев алармира дека сведоци се на невиден изборен грабеж:

Видете ја ПЕРВЕРЗИЈАТА на изборната кражба…
Имаш рок од 24 или 48 часа за приговор, ама не ти даваат увид во записниците!?
А и ако ти дадат, немаш како да ги споредиш дали бројот на гласови од хартиениот записник е ист со електронски внесените податоци – за да приговараш!?
Искрадени сме од Ново Село, до Кисела Вода – на велико! По 30-40 гласа по изборно место.

Наши членови од Карпош кои гласале со цели семејства, на резултатите има 0 гласови!?
Тројца пратеници ни крадат у моментов.

Луѓе ова е досега НЕВИДЕН ИЗБОРЕН ГРАБЕЖ!!!
Ова нема така да помине!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.