Антонио Милошоски на социјалните мрежи сподели видео од гостувањето на Заев во „Само вистина и напиша:

Рекетирање, Луј Витон и донирање!

Во буџетот фалат многу пари.
Но да не заборавиме дека Екипата на З.З. “Кики-Фрики-Шеки-Боки” во 2018/19та изрекетира пари од многу фирми, а сега на другите им се закануваат “Ви ги знаеме сметките, донирајте или со Уредба ќе ви земеме пари”!
И точно е, внимателно и лично тој ги има гледано сметките на многу фирми за да им ја даде специјалната донаторска понуда “1€ за Виц’то”!

Да се потсетиме, според објавеното во медиумите и соц.мрежи, колку “Луј Витон-донации” земала оваа екипа, за нив, за “црквата” и за брат му:

Дан Мак = 250.000€
Сиљан од Битола = 750.000
ОРКА = 1.500.000
Фирма на почесен 1.конзул = 200.000
Фирма на почесен 2.конзул = 250.000
Пелистерка = 500.000
“Европа 92” = 500.000
НОЕЛ Гевгелија = 1.000.000€
Сопственик на фирма за телекомуникации (сега покоен) 400.000€
Сопственик на познат ланец самопослуги во Скопје и МК = 200.000
Сопственик на фирма за трговија со нафтени деривати = 200.000
Сопственик на неколку аптеки во СК = 200.000€
Фирма концесионер во ФЗО = 300.000
Градежна СК фирма со одлични локации во Карпош и Аеродром = 250.000€
20тина помали успешни фирми од Штип, Куманово, ОХ, Струмица, Прилеп, Струга, Тетово, Велес (просек по 20.000) = 400.000

Вкупно (многу други не знаеме) 6.400.000€

Многу пари изрекетира. Сега бара солидарност и донации!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.