Државната комисија за спречување корупција, која констатирала судир на интереси при извршувањето на вонредниот инспекциски надзор на Тетовскиот универзитет околу законитоста на наставно-научните звања на тројцата државни функционери (Арбер Адеми, Сафет Емрули и Агим Нухиу), доставила Иницијатива за поведување постапка за утврдување одговорност за инспекторот Африм Саљиу до Инспекцискиот совет.

Антикорупциската комисија ја прифати пријавата на Левица и го казни главниот просветен инспектор Африм Саљиу со 500 евра глоба поради утврден судир на интерееси за време на инспекцискиот надзор со кој изврши прикривање на незаконитостите во напредокот на тројца високи актуелни функционери од владејачката ДУИ!

Ја известуваме јавноста дека уште денес наш правен тим ќе поднесе и управен приговор против реален акт на ДКСК, со кој ќе бараме поништување на записниците со кои се заташкаа овие контроверзни случаи.
Дополнително, во тек е и подготовка на кривична пријава против дотичниот инспектор од ДПИ до Основното јавно обвинителство – Скопје за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.