Додатокот за доверливост, повисок и од основната плата што ја земале обвинителите на СЈО го нема во нивните анкетни листови, вели за телевизија Телма претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска и додава дека графата „други приливи“ е празна.

Анкетните листови на обвинителите на СЈО се под лупата на антикорупционерите. Се отвора прашањето зошто во овие документи не се наведени високите бонуси од по речиси 20 илјади евра годишно, што ги земале по два основи, еднаш како надоместок на плата, а втор пат во договор со екс-специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Казната за ваквото однесување можеби е незначителна, но срамот е голем – вели Ивановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.