Државната корупција за спречување на корупцијата (ДКСК) изгласа иницијатива до претседателот на владата за поведување постапка против лице кое учествувало во расправа на која се расправа за работа за која има личен интерес. Со 4 гласа „за“ и 2 „против“ Антикорупциска утврди дека постои судир на интереси во предметот поднесен од анономен доставувач, а се однесува на укинување на акцизите за литиумски батерии.

Станува збор за предметот против вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој беше прва точка на денешната 24. седница.

Против него беше поднесена пријава по основ на судир на интереси, затоа што не само што учествувал на владина седница на која се одлучувало за намалување на Царината, туку учествувал во расправата и давал предлози како да се надминат законските пречки.

Станува збор за владината седница на која акцизите за литиумски батерии се намалија од 15% на нула, а според пријавата наменска и служи единствено за задоволување на бизнис-потребите на вицепремиерот. Фирмата „Брако“ на Анѓушев е единствена фабрика во Македонија која произведува литиум-јонски акумулатор.

Според образложението на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, Кочо Анѓушев учествувал на владините седници на кои се одлучувало по барањето на „Брако“, односно странски инвеститор од Полска, со кој вицепремиерот преговарал за укинување на акцизите.

Постапката е поделена на два дела. Првото барање го поднел „Брако“ преку Стопанската комора. Тогаш Анѓушев поднел барање за изземање, имајќи предвид дека преку „Фероинвест“, сопственик на „Брако“, е во врска со фабриката која единствено произведува литиум-јонски батерии во Македонија.

Барањето, сепак, не стигнало до Министерството за економија, а покрај тоа што побарал изземање, учествувал на владината седница. На 29. владина седница точката била поставена, но била повлечена.

Еден месец подоцна преку Министерството за надворешни работи во Министерството за економија пристигнала нова предлог-одлука од Амбасадата во Варшава, од полска фирма со која преговарал Анѓушев. Предлог-одлуката била проследена до надлежните институции и била поставена на 36. владина седница.

Во оваа фаза Анѓушев не се изземал, и не само што не се изземал, туку и учествувал на седницата и давал предлози како да се надминат законските неусогласености меѓу Министерството за финансии и Министерството за економија. На таа седница точката била кратко прекината, па била усвоена.

ДКСК нема доказ дали чествувал во гласањето, но самото негово присуство на седницата и во расправата се смета за судир на интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.