Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов соопшти дека Договорот склучен со Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) наменет за користење простории за канцеларија на поранешен претседател, следува врз основа на Законот за правата на Претседателот и неговото семејство по престанување на функцијата и дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на прес-конференција изнела невистини и свесно се обидела да манипулира со јавноста.

Во прилог е договорот, во кој јасно се гледа дека висината на закупнината на целосно опремен простор изнесува 1.950 евра месечно, а не како што денес беше прикажано дека е 4.500 евра. Очигледно е дека личниот анимозитет и политичките ставови на поранешниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се единствената причина за континуираниот обид за нанесување штета на угледот на поранешниот претседател Иванов. Воедно, ја повикуваме Ивановска да се произнесе за имотната состојба на поранешниот претседател Иванов и за таканаречените станови за коишто свесно претходно манипулираше со јавноста. Бидејќи манифестира „ефикасност и транспарентност“ доволно ѝ беа пет месеци за да ја утврди имотната состојба на поранешниот претседател Иванов и да ја изнесе вистината пред македонската јавност, стои во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.