Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Нури Бајрами, во вечерашното гостување на ТВ21 рече дека мал број од нивните случаи имале епилог, додавајќи дека недостасуваат суштински реформи за целосното одделување на политиката од судството.

Тој вели дека политиката и натаму не ги трга рацете од сите делови на општеството, па и од обвинителството.

Според Бајрами, реформите во судскиот систем, кои треба да го опфатат и обвинителството, се започнати уште во 2007 година, а „сѐ уште не се заокружени како што треба“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.