Антагонизмот кон мигрантите не води никаде. Јасно е дека Македонија не е дестинација во која мигрантите сакаат да останат. Улогата на цивилното општество и на медиумите е клучна за да на граѓаните им се објасни дека мигрантите се тука привремено и оти земјата прави хумано дело што ги згрижува.

Ова беше главната поента на денешната конференција посветена на миграцијата и мигрантите во организација на „Глобалната иницијатива против организиран криминал“.

Учесниците се сложија дека мора да се градат мостови помеѓу цивилното општество и владата за прашања поврзани со мигрантите и оти цивилниот сектор секогаш има добри идеи кои власта не секогаш ги прифаќа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.