Македонската хакерска група „АнонОпсМКД“ не престанува да им прави проблеми на македонските институции. Овојпат, нивниот таргет беа сајтовите на Министерството за здравство и на Министерството за образование. Хакерите, преку Твитер го соопштија „успехот“, а токму преку својот „труд“ упатија пораки до јавноста.

Хакерите  на Твитер се пофалија дека го хакирале и сајтот на Министерството за образование и наука, но како што наведуваат, нема да ги извадат на виделина сите информации, туку само некои криминални мејлови.

„Да појасниме, целосен лик нема да има во ниеден случај, само некои криминални мејлови“, напишаа хакерите на Твитер.

Претходно, истата група ја нападна и веб-страницата на агрегаторот Тајм во текот на изборната ноќ, кога истовремено падна и сајтот на Државната изборна комисија .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.