Новогодишниот подарок од власта до Макпетрол вреден 33 милиони ги даде првите резултати во вид на нарачана анкета. На неа се разбира дека води Зоран Заев и СДСМ.

Резултатите не би можеле да бидат поинакви ако се знае упорноста на власта да го истера законот со кој државата и подари пари на приватна компанија која сосема „случајно“ поседува телевизија која не може да се нарече ни провладина туку чисто владина.

За што всушност се работи

33 милиони вредната анкета на Телма го открива стравот на Зоран Заев од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој е најголема закана за власта.

Доколку не е така, на Заев совршено би му одговарало Мицкоски да има низок рејтинг. Но, и  Заев знае дека поддшката за Мицкоски кај народот е голема па затоа мора да нарачува анекети на кои ќе се прикажува дека неговиот рејтинг расте а на лидерот на опозицијата  опаѓа.

Но, дури и во една нарачана анекета Телма не може да скрие дека СДСМ нема доверба кај гласачите па рејтингот во однос на ВМРО-ДПМНЕ бил поголем за само 0.5 проценти.

Најпровидниот обид на Телма да го дискредитира Мицкоски се гледа во споредбата на неговиот рејтинг со тој на Заев. Според Телма, Заев имал за 11 проценти поголем рејтинг од Мицкоски иако и самите знаат дека поддршката за Заев никогаш не била помала, посебно после она скандалозно интервју за БГНЕС и тргувањето со македонскиот идентитет и јазик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.