Истражување на јавното мислење спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС и Телевизија Телма, мнозинството од Македонците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25 отсто од Македонците кои одговориле на прашањето „Доколку утре се одржат избори за која политичка партија би гласале“.

Резултатите од анкетата покажуваат дека за СДСМ би гласале 22,5 проценти од Македонците, по што следува Левица со 8,6 отсто.

Анкетата е спроведена од М-проспект преку телефонска анкета во периодот од 16 до 24 декември 2020 година. Анкетата е направена на национално репрезентативен примерок од 1000 испитаници постари од 18 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.