На прашањето какo би ги оцениле 100-те дена работа на Владата: 2,46 е средната оценка што и` ја дале испитаниците во најновата анкета спроведена од Телма и МЦМС.

На скалата од еден до пет, 11 % дале оцека 5, 14,2 % првите 100 дена на Владата ги оцениле со четворка, 20,1 % ја оцениле работата на Владaта со тројкa, 19,4 отсто со двојка, а со високи 35,3 отсто ја оцениле Владата со единица.

За МЦМС и Телма, анкетата е спроведена од М-проспект преку телефонска анкета во периодот од 16 до 24 декември 2020 година. Анкетата е направена на национално репрезентативен примерок од 1000 испитаници постари од 18 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.