Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење. Анкетата е спроведена телефонски во период од 21.12.2020 – 25.12.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност.

При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.

Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите кои ќе се објават во два дела се користат за потребите на анализите на институтот.

 На прашањето за која партија би гласале, доколку изборите би се одржале утре најголем дел се определиле за ВМРО-ДПМНЕ.

ПАРТИЈА

ПРОЦЕНТИ

СДСМ

18.4%

БЕСА

2%

Левица

4.9%

ВМРО-ДПМНЕ

22.3%

ДУИ

6.1%

Алијанса за албанците

5.6%

АЛТЕРНАТИВА

2.7%

ДПА

0.6%

Останати

3.5%

Не сака да каже

14%

Нема да излезе да гласам

19.9%

Најголем дел од испитаниците имаат негативно мислење за Заев, Филипче и Шекеринска и Спасовски , а пак целата влада доби оценка 1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.