И официјално до Државната изборна комисија се поднесени три претседателски кандидатури – Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски како кандидат на СДСМ и Блерим Река, кандидат од албанската опозиција. Во меѓувреме започнаа анкетите и испитувањето на јавното мислење околу тоа кој претседателски кандидат ќе добие повеќе гласови, односно кој ќе биде идниот претседател на Македонија.

Во анкета спроведена од истражувачкиот центар на Макфакс кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова води со 40,6 % од гласовите пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски кој има 36,9 % од гласовите.

Целосните резултати од анкетата можете да ги погледнете тука.

До сега кандидатите имаа свои активности, посета на граѓани, обраќања на социјални мрежи, говори на собири. Следува една недела пауза, кога, согласно изборниот зконик немаат право на вакви активности. Официјалната кампања започнува на 1 април. Изборите се закажани за 21 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.