Македонските граѓани имаат најголема доверба во претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, покажува анектата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС). 

Анектата, која била спроведена со телефонско истражување во периодот помеѓу 19 и 22 октомври 2021 на 1102 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија, покажува дека 19,3 проценти од испитаниците му веруваат на Мицкоски, а само 15,6% на актуелниот премиер Зоран Заев. На третото место е лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кому му веруваат 4,2% од испитаниците.

Али Ахмети ужива најголема поддршка од албанските лидери на политички партии, со 7%, зад него се Зијадин Села со 4%, Биљал Касами со 1,5% и Африм Гаши со 1,1%. 

Голем процент, 27,9%, од испитаниците одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, а 14,8% не знаеле или не сакале да одговорат.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата. Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република
Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.
Во прилог се резултатите од истражувањето во однос на рејтингот на политичките партии и политичари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.