Владиниот сајт кој има поддршка на Англиски јазик не е ажурирана подолго време, со оглед на фактот дека се уште може да се види стариот состав на владата.

На самата страна може да се забележни дека последен датум кога е направена промена е 31.05.2019 година.

Актуелниот состав на владата е избран на 31 мај 2017 година, по парламентарните избори во декември 2016 година, вели англиската верзија на владиниот сајт.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, доби мандат за состав на Влада од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов. Со 62 гласа „за“, 44 „против“ и 5 воздржани, Собранието гласаше за Владата на премиерот Зоран Заев. Претседател на Владата на Република Северна Македонија е Зоран Заев. Претседателот има 5 заменици- стои се уште на сајтот.

Англиската верзија може да ги збуни странските дипломати, бидејќи старо-новиот премиер Заев сега има 4 заменици, додека Радмила Шекеринска не е повеќе вицепремиер, со новите измени Артан Груби е прв заменик на премиерот и носител на оваа функција.

Се споменуваат имиња кои јавноста ги изуми, како вицепремиерот и министер за економски прашања – Кочо Анѓушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.