Поранешниот советник на Драган Тевдовски во Министерството за финасии, Бранимир Јовановиќ вечерва беше гостин на дебатата на ТВ 24, каде требаше да гостува и заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Ете, Кочо Анѓушев не се појави на дебатата и ја лиши јавноста од одговори на одредени интересни прашања… Ќе кажев дека ова наликува на она кога Груевски бегаше од дебати, ама може па има оправдани причини, може му се појавило некое големо чувство на вознемиреност или страв. Му се извинувам јавно ако му предизвикав душевна болка и се надевам брзо ќе се опорави, пишува Јовановиќ својот на фејсбук профил.

Анѓушев најпрво ја прифатил поканата на дебатата, но потоа известил дека нема да дојде поради зафатеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.