Образовниот систем не одговара на реланите потреби на економијата. Загрижувачки е тоа што во државава 90 отсто млади одат на факултет, а во истовреме немаме квалификувани работници, како заварувачи шофери и слично, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во вечерашната Топ Тема на Телма.

На прашањето што со лиценците на факултети кои постојат во голем број во државата, вицепремиерто Анѓушев одговори дека владеењето на правото ќе го доведеме во прашење ако им се одземат лиценците.

Она што го направи оваа влада – не издаваме нови лиценци на нови факултети – истакна Анѓушев, туку како ќе им истекуваат лицентците така ќе престанат да постојат.

Доколку ситуацијата беше поинаква 18.000 квалификувани работници би се вработиле денеска – рече вице премиерот во вечерашната Топ Тема на Телма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.