Очекувам преговорите за ново владино мнозинство да завршат за неколку дена, смета Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Како коалиционен партнер во владината коалиција без зачуден од стратегијата, од кампањата и издигнувањето на локалните избори на ниво на референдум, погрешна стратегија, колатерална штета беше премиерот Зоран Заев. Оставката на Заев за мене беше неочекувана, тој битката за град Скопје ја направи да се биде или не. Непотребно беше сето тоа. Во политиката нема место за емоции, таа е сурова професија. Не верувам дека се работи за емотивна одлука која Заев ја донел вечерта на изборите. Анкетите беа погрешни, резултатите беа шокантни. Во СДСМ се наметнуваше еуфорија, но јас имав поинаква перцепција. Кај голем дел од граѓаните постои незадоволство од власта, рече Ангелов во утринското „Студио 10“ на ТВ24.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.