„Во моментов имаме 10 активни пожари, од кои што неколку се сериозни, а другите се од средната категорија и некои каде што гори сува трева, ниско стеблести растенија, грмушки и се далеку од населението“, инфомира директорот на ЦУК, Стојанчев Ангелов за моменталната огнена стихија во земјава.

Според неговите зборови, во моментов најсериозно е во Македонски Брод.

„Таму ветерот го смени правецот и пожарот дојде во близина на едно село. Сериозен пожар имаме и во Пехчево, кој што преминува кон општина Берово. Овде штом се создадат услови, ќе бидат упатени 2 хеликоптери“, рече Ангелов за емисијата „Жешко политичко лето“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.