Кризна состојба не беше прогласена за да се донесат вакцини, таа беше прогласена за да може државата да преземе мерки и активности кои не би смеела, како на пример ангажирање на армијата како помош на полицијата, изјави директорот на Центарот со управување со кризи Стојанче Ангелов.

Не се согласувам со тоа дека во државата има агонија. Благодарение на кризната состојба, ако се најдеме во ситуација дека јавното здравство не може да одговори на предизвикот со бројот на заразени, да може државата да го користи приватното здравство, вели Ангелов и додава дека државата има капацитет и знаење како да се справува со пандемијата и дека неговата институција е подготвена да помогне во обезбедување нови сместувачки капацитети ако бројките со заразени продолжи да расте.

Ние мораме да сме еластични, ако приватното здравство стане неопходно мислам дека за ден до два тоа можеме да го направиме, да искористиме дел од капацитетите на приватните клиники. Имавме период пред неколку месеци кога бројките со заболени почнаа да паѓаат, па не се активираа приватните здравствени установи. Но, сведоци сме на зголемување на бројот на заболени во моментот, но ја следиме состојбата и ќе видиме дали ќе има потреба да лекуваме болни надвор од јавните установи. Државата има капацитет преку ЦУК да најде места за лекување на болните и тоа ќе го сториме кога ќе имаме потреба за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.