Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 ексклузивно најави дека за еден месец ќе има големи поплави, согласно проценките.

„Заедно со луѓето од проценка на ризик и загрозување, заклучивме следат поплави во Македонија за неколку недели, можеби и за еден месец, затоа што вообичаено е после вакви суши да има поплави и тоа статистички. Тоа не значи дека сигурно ќе има. Затоа сега ги предупредувам градоначалниците да ги исчистат каналите.

Пред пожарите ги предупредив градоначалниците дека можат да се потпрат само на два хеликоптери во случај на пожар. Тоа е реалноста“, рече Ангелов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.