На денешната прес-конференција директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и неговите соработници, соопштија дека активни пожари има низ целата земја, но и натаму најризични се Делчевско – Пехчевскиот регион, Кумановско и Прилепско каде има 18 пожари.

Ангелов апелираше граѓаните да се евакуираат ако случајно се најдат на место на пожар.

Состојбата се менува од минута во минута, а сувата вегетација, високите температури и ветерот придонесоа за брзо ширење на постоечките пожари и појава на нови жаришта. Затоа апелирам до сите граѓани кои ќе се најдат во место каде пожарот се движи кон нив, тоа може да му се случи на секој, дури и на оние граѓани кои сега се далеку од пожарите, бидејќи пожарите се шират со чудна брзина. Дури има некои моменти како тие пожари се палат одеднаш, на повеќе локации. Полицијата работи на барање на причинителите. Бегајте, евакуирајте се, човечкиот живот е бесценет, рече Ангелов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.