Во демократско општество избори мора да се случат, но во време кога ќе биде најмалку ризично или најмалку ќе биде загрозено здравјето на граѓаните, порачува поранешниот градоначалник на СДСМ во Карпош, генерален секретар на партијата и некогашен претседател на ЗЕЛС, Андреј Петров, синоќа во емисијата „Што не е јасно?“.

На новинарско прашање дали во моментот ни требаат масовни тестирања или брзи избори, Петров дециден:

Масовно тестирање се разбира, за изборите ќе се договорат политичарите, но тие не треба да бидат на штета на здравјето на граѓаните, туку треба да се слушаат препораките на епидемиолошките тимови. На прво место треба да биде здравјето на граѓаните, како што граѓаните пред се се загрижени за своето здравје, вели Петров.

Тој ги критикува чекорите на Филипче, а да беше на негово место, вели ќе форсирал тестирање и нема да им прави опструкции на приватните болници. Според него треба да се дејствува како единствен здравствен систем на јавното и приватното здравство, а не да се делува напаѓачки.

Под еден требаше да се тестира повеќе, а како второ требаше да се покаже пошироко разбирање на здравствениот систем, тука мислам и на приватните болници, оти ако сакате да одговрите на вирусот брзо – дајте сите да сме заедно! А не да ни се прави опструкции- тоа беше грешка на почетокот, вели Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.