По тужбата на Љубомир Фрчкоски за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров, поместени во книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“, Основниот суд Скопје-2 донесе решение за привремена мерка забрана на продажба и располагање на книгата.

Во изјава за Канал 77, Андов вели дека е изненаден но и разочаран од ваквата одлука на судот.

Мислам дека самата појава во едно општество да се забранува книги и тоа вакви книги кои се со определена тематика и се разјаснуваат некои битни настани од судбината на луѓето немало никаде и не верувам дека некогаш ќе има. Ова е некој исклучок, преседан кој загрижува и може да нанесе штета а не корист, вели Андов.

Тој верува дека на судското рочиште по тужбата со Фрчкоски на 27 мај ќе се расчистуваат спорните моменти.

Ќе се расчисти што тој прочитал, како прочитал, каде препознал клевета или што не е клевета. Ќе му објасниме, додава Андов.

Тој вели дека не му е јасна квалификацијата на судот за забрана на продажба и располагање на книгата.

Дали тоа значи дека сега привремено ќе им ги земат книгите од дома на тие што ги имаат, за да не располагаат со нив, за да потоа ако изгуби Фрчкоски на судот, ќе им ги враќаат ли тие на кои што ќе им ги земат? вели Андов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.