Стефан Андоновски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5, обвини дека секогаш кога СДСМ се на власт, имиџот на државата пред Европската унија е лош, потенцирајќи дека заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски земал 7000 евра за седум месеци од Министерството за здравство како проектен координатор за изградба на болницата во Штип, за која владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбедила 26 милиони евра од Европската централна банка, но поради слабата реализација истиот е стопиран од Европската централна банка.

Во 2016 – 2017 година ВМРО-ДПМНЕ потпишува договор со Централна банка за кредит за изградба на болницата во Штип. Европската централна банка, затоа што не не подржувала Европската унија ни дава кредит од 26 милиони евра. Планот е до 2018та година да се изгради болницата во Штип. Започнува изградбата првите 18 месеци има одредена динамика, доаѓа СДСМ на власт и Филипче вели во 2020 година Штип ќе има нова болница, истакна Андоновски.

Крајниот рок кога треба болницата да биде завршена 2020 дека работите се сведуваат со забрзана динамика, за да ни се случи оваа година Европската централна банка, европската Унија да ни прекине кредитот. Зошто? Затоа што не се работи доволно на овој проект, но кој е заклучокот, дека проектен координатор на овој проект е господинот Андреј Жерновски, кој што во последните 7 месеци зема по 1000 евра месечно од Министерството за здравство да го проектира.

Последните седум месеци зема по 1000 евра за да биде проектен координатор, за да последниот месец од овие седум месеци Европската централна банка каже вие не доволно растете со проектот, не доволно функционира проектот, болницата нема да се изгради и поради тоа ние го стопираме проектот и нема одговор ниту од Жерновски како проектен координатор каков е нашиот имиџ пред Европската централна банка кога вие треба да изградите болница, сте ветиле 2020 година ќе ја изградите, а крај на 2021ва сме, Жерновски е седум месеци координатор, земал 7000 евра од Министерството за здравство, а нему му го прекинуваат проектот. Тоа е имиџот на Македонија пред ЕУ, пред Европската централна банка кога СДСМ е на власт, вели Андоновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.