Кандидатот за градоначалник на општина Василево од ВМРО-ДПМНЕ, Славе Андонов, на вечерашниот митинг во Василево истакна дека на Василево му се потребни промени и нова иднина, а вети дека ќе реализира бројни проекти како канализациони мрежи во сите населени места, субвенции за термофасади и клима уреди, повеќенамесни игралишта и филтер страници, нови паркови и општина без кал на улиците.

Општина Василево е нашиот заеднички дом, во кој секој од нас треба да ја гледа својата иднина и својата шанса, јавно се обврзувам дека нема да делам, туку ќе обединувам. Дека немам предрасуди спрема никого. Дека ги препознавам и почитувам разликите. Бидејќи мојата цел е да бидам градоначалник, без исклучок на сите граѓани на општина Василево, истакна Андонов.

За промени затоа што во изминатите четири години ништо не се направи и затоа да бидеме сложни и обединети, да бидеме здружени , за општина Василево повторно да биде општина како што заслужуваат сите граѓани. Да ја започнеме таа промена со изгласување на нов Совет составен од овие луѓе чесни и храбри, кои што ќе водат сметка за својата општина како што водат сметка за своите семејства, рече Андонов.

На вечерашниот митинг во Василево, Андонов истакна дека власта иако многу ветуваше ништо не направија освен оставајќи празни зборови и големи долгови

Замислете општина Василево е една од најзадолжените во Македонија. Општината е должна околу 80 милиони денари. Комуналното претпријатие околу 16 милиони денари. Но, што видовме на дело. Не направија ниту еден метар канализација, а ја ветуваа во Василево Градашорци и Добрашинци.Ветуваа чиста околина наместо тоа диви депонии на секој чекор, истакна Андонов.

-ВМРО-ДПМНЕ има што да понуди на престојните избори, со програма и кадри кои умеат да работат.Нам ни е потребна општина без кал, со нови асфалтирани улици,ф игралишта, нови паркови, канализирање и чистење на речните корита и чистење на дивите депонии но од се најмногу изградба на што повеќе нови канализациони системи. Се обврзуваме дека ќе изградиме канализациони мрежи во Василево, Градошорци, Ангелци, Пиперево, Владевци, Седларци, Радичево и други населени места, вети Андонов.

-Во првите 100 дена ќе донесеме одлука за субвенции за изведба на термофасади, субвенции за клима уреди. Ќе ги реновираме постојните повеќенаменски игралишта. Висока Маала и Дукатино конечно ќе добијат вода за пиење;

-Се обврзуваме дека ќе го реконструираме водоводот во Пиперево;

-Добрашинци конечно ќе го добие Мултифункционалниот центар;

-Повеќенаменски игралишта ќе се изградат во Чанаклија , Владевци и Висока Маала;

-Нови филтер станици ќе се изградат во Нова Маала и Сушево, наброи Андонов.

Андонов вети работа и беспоштедна битка за повеќе резултати и порача дека на 17-ти октомври граѓаните на Василево треба да донесат одлука за себе,и за подобра општина Василево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.