Во општина Василево градежните и економските активности не застануваат.
Во моментот се гради на неколку локации:
➡️Повеќенаменски објект во Нова Маала;
➡️Изградба на парк во Чанаклија;
➡️Изградба на систем за водоснабдување во Дукатино.
Во наредниот период ќе започнеме со реализација и на голем број други проекти во сите населени места во општина Василево:
✔Изградба на улици во населените места :
➡️Радичево
➡️Сушево
➡️Висока Маала
➡️Чанаклија
➡️Пиперево
➡️Седларци
➡️Градашорци
➡️Едерниково
➡️Ангелци
➡️Нова Маала
➡️Василево
✔Во населеното место Василево по долго очекување на граѓаните конечно ќе почне изградбата и на крак од фекален канализационен систем и тоа по должина на главната улица која води покрај Домот на културата до црквата Успение на Пресвета Богородица.
✔Во населеното место Радичево ќе отпочне реконструкција на училишниот двор.
✔Во населеното место Владевци ќе отпочне реконструкција на училишниот двор.
Продолжуваме да го реализираме онаа што го ветувавме.
Продолжуваме уште повеќе и уште подобро за модерна општина Василево-вели градоначалникот Славе Андонов.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.