Адвокатот Панче Тошковски во утринската анализа на „Алфа“ со новинарот Христо Ивановски го анализираа случајот „Рекет“ пред денешниот почеток на процесот. Според новинарот Ивановски постои впечаток дека се брза судски да се процесуира овој случај со цел да се забошоти.

И јас го имам тој впечаток. Никој не може да го убедите дека ваков фрапантен случај на рекет спроведен од страна на индивидуа како Боки 13, која била сопственик на медиум со фрапантен раст на заработувачка кога СДСМ доаѓа на власт, дека само тој е организаторот на рекетарската мрежа, смета Тошковски.

Според адвокатот Тошковски, за фелата, за професионалците и за јавноста е повеќе од јасно дека овој случај се води селективно без немање на волја да се разоткрие во целост трагот на парите.

Како е можно власта да цени дека ќе ја убеди јавноста дека овој предмет со тројцава обвинети ќе ја задовли правдата? Тоа е невозможно. Никого нема да убеди СДСМ дека ова е лицето на бробата против организираниот криминал и корупција, вели Тошковски.

Тошковски го анализираше и театарот со личниот претрес врз Јанева на денот на апсењето на Боки 13 и Зоран Милевски, како еден од еклатантните докази за лошото водење на случајот и најави длабинска ревизија на ваквите процеси по промената на власта во Македонија.

За многу кратко време, еве каде е 12 април, со промена на власта ќе се овозможи длабинска ревизија на сите овие процеси, да се види навистина врз основ на кои докази обвинителството ценело дека на средина на јули треба да ги притвори Боки 13 и Зоран Милевски, а Катица Јанева да ја остави да отиде на одмор, да се прошета, да оди на плажа, да се посонча, и после 40 дена и неа да ја притвори, а притоа дента кога се притворени Милески и Боки 13 се врши претрес во домот на Јанева, тоа го знаат сите, но не на нејзиниот дом како во сите останати случаи, туку само личен претрес. Што значи тоа? Она што било на телото на Катица, во џеб, во палто е предмет на одземање, а сето останато во домот нејзин се сметало дека е непотребно да се прибави како доказ, посочи адвокатот.

Според него, кој и да бил друг во постапката на местото на Јанева не само што ќе му се извршел претрес во домот туку „и во викендичката и кај родителите и кај децата и внуците.“

Има една поговорка… накриво засадено, накриво ќе порасне. Истото е случај и тука. Но, не треба да губи надеж јавноста, ќе има промени во Република Македонија, тие промени ќе дојдат набрзо и ќе овозможат навистина независно неселективно постапување на институциите во Македонија. Ова е пример како не треба, а не како треба да постапуваат институциите, додава Тошковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.