Досегашната директорка на ДИЖС Ана Петровска не е изненадена од разрешувањето кое доаѓа на барање на претседателката на ДОМ Маја Морачанин.

Откако претседателката на ДОМ Маја Морачанин не разреши од партиските функции мене и Мирослав Богдановски, се работи на моја политичка елиминација. Партијата ДОМ имаше убава агенда и визија, но сега можам да кажам дека не одат во добра насока. Мене ми беше чест што можев нецела година да работам во оваа институција, сметам дека одредени работи ги подобривме, но останува уште работа, вели Петровска.

Таа продолжува да работи во Министерството за животна средина како помошник раководител за отпад каде работеше пред да стане државен секретар во Министерството, а потоа и директорка на Инспекторатот.

Од Владата велат дека разрешувањето е на барање на партијата ДОМ, оти согласно меѓукоалицискиот договор во Владата, позицијата директор на Државниот инспекторат за животна средина е во политичка надлежност на ДОМ.

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) го објави својот полугодишен извештај што се поклопува со половина од мандатот на Петровска. Според извештајот во периодот од јануари до јуни 2021 година, реализирани се 1.132 инспекциски надзори наместо планираните 866 инспекциски надзори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.