Амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска имаше работна посета на Јавната установа „Национален парк Галичица“, при што се запозна со работата на Националниот парк, управувачката структура, проектите и процесите што се имплементираат во установата како и нејзината улога во активностите поврзани со препораките на УНЕСКО нотирани во двата последни извештаја.

Американската амбасадорка беше запозната и со следните планирани активности на ЈУНПГ во поглед на препораките на УНЕСКО, но и активностите што институцијата ќе ги презема согласно Планот за управување со Националниот парк „Галичица“ за периодот 2021 – 2030 година.

Со амбасадорката е дискутирано и за можностите за поддршка од страна на Американската амбасада на активности поврзани со еколошка едукација и оддржлив развој реализирани од страна на Јавната установа „Национален парк Галичица“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.