Во тек е подобрување на условите во Универзитетската клиника за хирургија, вилици и врат – максилофацијална хирургија. Преку донација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, во вредност од 350 илјади евра комплетно се реновира целиот објект, со вкупна површина од 1500м2.

Како што соопшти министерството за здравство, проектот се реализира во три фази, согласно американските договорни регулативи, врз основа на барањата на командата за инженерство на морнарицата и поморските капацитети на САД.

Првата фаза од реновирањето вклучува изградба на нов лифт, кој ќе ги поврзува приземјето, првиот и вториот кат. Поставување изолација и замена на таванот на вториот спрат, реновирање на болнички соби, простории за вработени, ходници и тоалети.

Со дислоцирање на старата и дотраена опрема и инвентар, Клиниката доби 27 нови болнички кревети од Министерството за здравство. Исто така, со поддршка од Министерството, установата набави агрегат за довод на електрична енергија.

Работниот процес на клиниката се одвива континуирано, согласно движењето на градежните активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.