Секој за кој се тврди дека ја злоупотребил довербата на јавноста мора да биде одговорен. Ова е ставот на Амбасадата на САД во Македонија во врска со притворот на Катица Јанева и случајот „Рекет“. Во одговорот на амбасадата за „360 степени“  за случувањата околу Специјалното обвинителство и специјалната обвинителка, се вели дека САД целосно ја поддржуваат одлуката на Обвинителството да ги испита сите наводи за корупција и да ги гони како оправдани, засновани врз законот и веродостојни факти.

За САД важно е да се потенцира дека „Специјалното јавно обвинителство игра важна улога во напорите на Северна Македонија да ја покаже посветеноста на земјата за независно судство и одговорност за минатите криминали и корупција“.

Ова ќе осигура дека Специјалното јавно обвинителство може да продолжи со својата важна работа и да продолжи да ги следи своите случаи без прекини, што пак ќе и помогне на Северна Македонија како што напредува во интеграција кон НАТО и Европа, велат од Амбасадата на САД во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.