Пратеникот и претседател на Сојуз на Ромите, Амди Бајрам, веќе објави дека ќе се кандидира за претседател на престојните избори. Тој за медиумите објаснува како ќе го стори тоа, бидејќи за да може да се кандидира му треба поддршка од 30 пратеници, или 10.000 потиси од регистрирани гласачи.

Прво ќе отвориме фејсбук страна, со лајкови ќе работиме. Ќе идеме четири дена со лајкови и кога ќе дојеме до цифра што треба, ќе се заблагодарам на граѓаните и ќе почнам со потписи – изјави Бајрам за Алсат М.

Претходно тој рече дека ќе си ја проба среќата и со пратениците, но доколку не добие поддршка од партиите застапени во Собранието, ќе оди на собирање потписи од граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.