Денеска, на 64-годишна возраст, во болницата „Филип Втори“ почина поранешниот пратеник и актуелен лидер на Сојузот на Ромите во Македонија, Амди Бајрам.

Бајрам имал срцеви проблеми, а како што јавија дел од медиумите, посмртно му бил направен и тест за Ковид.

Како што неофицијално дознава Фокус тестот на коронавирус на Бајрам е позитивен.

Иако резултатот покажал дека Бајрам бил заразен, неговата фамилија, како што неофицијално дознава Фокус, засега планира да прави голем погреб со сите церемонии.

Пред неколку дена, Амди Бајрам организираше раскошна свадба за својата внука Перјан во Турција на која присуствувале 600 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.