Амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин нема да се вакцинира со вакцина од првата пратка „Спутник В“ што денеска пристигна на Скопскиот аеродром.

Тој очекува, како што рече, друга пратка „Спутник В“ наменета за Амбасадата.

Ќе се вакцинирам штом ќе се појави можност. Овие вакцини се наменети за македонските граѓани. Јас се надевам дека ќе добијам пратка од вакцините „Спутник“ за Амбасадата, рече Баздникин, одговорајќи на новинарско прашање по пристигнувањето на вакцините.

Баздникин лично се ангажираше во набавката на руските вакцини „Спутник В“ за земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.