Сè поизвесно е дека премиерот Зоран Заев ќе ја убеди Алтернатива на Африм Гаши да се приклучи на владејачката коалиција, но тоа ќе го стори по цена на одржување брзи предвремени парламентарни избори по иницијатива на својот коалиционен партнер Али Ахмети. Ова го тврдат политичките аналитичари со коишто разговараше „Плусинфо“, а кои објаснуваат дека со потегот на Алтернатива да се отцепи од коалицијата со Алијанса за Албанците, ќе пораснат и апетитите на ДУИ за освојување уште еден мандат преку присвојување на искрените и разочараните, но и на клиентелистичките гласачи на Алтернатива од минатите избори.

Според нивните соговорници, голема е веројатноста партијата на Али Ахмети да повика на предвремени парламентарни избори кои би се одржале идната пролет, а на кои ќе се обиде да ја искористи разединетоста кај „контра-ДУИ“ опозицијата.

Дека се крчка таков план во Мала Речица говори и вчерашната изјава на висок функционер на ДУИ, кој за „Слободен печат“ откри дека партискиот лидер Али Ахмети ќе се обиде со сите сили да го убеди премиерот Зоран Заев до март идната година да не си поднесува оставка од премиерската функција.

Целата анализа на „Плусинфо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.