Слоганот „Тој доаѓа„ ќе стане „Тој заминува“, ако продолжат ДУИ да ги потценуваат Албанците, му порачаа алтернативците на Али Ахмети, откако синоќа ги повика сите да се обединат во заеднички „Фронт за Европа„.

Велат дека се подготвени да бидат олеснувачи за окрупнување и обединување на општествените сили кои се подготвени конечно да се пресметаат со династијата на ДУИ која прави скапи приватни забави за задушување на внатрепартискиот револт.

И предводникот на „огнената група“ од ДУИ, Изет Меџити, изјави дека е изненаден од пораките на Ахмети, кој рече дека „ДУИ е незапирлив ураган што може да ги збрише сите кои ќе се обидат да ја спречат нивната мисија„.

Вели дека тој такви пораки не им испраќал ниту на најлутите непријатели, а камоли на синовите кои му служеле 20 години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.