Oрхан Муртезани, портпаролот на партијата Алтернатива на вечерашната прес конференција соопшти дека партијата ќе се приклучи на актуелното парламентарното мнозинство и Владата.

Ова е одлуката од состанокот на Централниот совет на Алтернатива, донесена по три средби на претседателот на Алтернатива, Африм Гаши со премиерот и претседател на СДСМ во оставка Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на парламентарното мнозинство од нивните четворица пратеници.

Муртезани информираше дека сите договорени точки утре официјално ќе се потпишат од двата претседатели на партиите, Заев и Гаши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.