Иако беше објавено дека дел од албанската опозиција постигнале договор за предизборна коалиција, се чини дека договор се уште нема.Иако кај Беса, Алијанса за Албанците постои желба за за заеднички настап на изборите на 12 април, меѓусебните разлики и несогласувања меѓу нив се уште постојат.

Проблемот е партијата Алтернатива на Африм Гаши која не е во добри односи со Беса од која се разделија со многу кавги и обвинувања. Поради тоа Алтернатива не се премногу расположени Беса да влезе во трипартитната коалиција.

Сакаат таа да биде составена само од нивната партија и Алијанса за Албанците. Од друга страна Беса и Алијанса имаат одлична соработка која започна најнапред на локално ниво а поддржаа и заеднички кандидат на претседателските избори.

Доколку дојде до договор, Беса, Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе имаат заеднички кандидати со цел оваа коалција да има повеќе пратеници од ДУИ кој е нивен главен противник меѓу албанските гласачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.