Коалицијата помеѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива денеска ја започна својата политичка кампања за предверемните парламентарни избори, се вели во соопштението.

Како што е наведено, мотото за претстојните избори ќе биде „Сега е време“, бидејќи, како што објаснуваат, дојдено е времето за демократија и кај Албанците.

Сега е време за промена кај Албанците! Сега е време за еднакви права! Сега е време за еднакви инвестиции! Сега е време за правда која не ги бира граѓаните според етничка, политичка и верска припадност! Сега е време за квалитетно образование! Сега е време за квалитетно здравје! Сега е време за држава за сите!, наведено е во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.