Изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, дека тој не ја признава државата Косово, дури тврдејќи дека „Косово е Србија“, покрај тоа што е скандал за службено лице, бидејќи е во спротивност со јавниот државен став, истовремено е и навреда кон чувствата на Албанците во Македонија, за кои Косово не е само што е држава признаена од нашата држава, туку и држава со која Албанциете од Македонија се поврзани и семејно и историски, реагираат од партијата Алтернатива по свадбата на градоначалникот во српска црква на Косово.

Од партијата очекуваат СДСМ да се дистанцира од оваа изјава.

Доколку оваа влада навистина сака да докаже дека е внимателна на меѓуетничките односи, ќе мора да најде механизам за разрешување на Богдановиќ, со цел да не дозволи тој да е елемент што ќе ги загрози меѓуетничките односи во нашата земја. Ако не гледаме никаква институционална и правна реакција, ова ќе биде знак дека и извршната власт тајно го поддржува тој став, дека слоганот „општество за сите“ е чиста изборна измама и ова ќе биде поттик ние да бараме други модалитети со цел да се исправи оваа навреда кон Албанците и, воедно, спротивен став на нашата надворешна државна политика, велат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.