Алтернатива бара во новата Влада да влезе со три министерски места и еден вицепремиер. Дали тоа ќе биде прифатено или не ќе се знае по средбата која Заев и Гаши треба да ја одржат во наредните два дена, информира за „Телма“ висок функционер на Алтернатива.

Во партијата во тек се разговори за програмските определби, но и за кадровските решенија, министри, заменици министри, директори на државни институции.

СДСМ ќе чека одговор од Алтернатива. Убедени се дека тие ќе прифатат да влезат во Владата, а со четворицата пратеници ќе се зголеми и парламентарното мнозинство.

Една од најзначајните причини поради кои Алтренатива би влегла во Влада е да обезбеди стабилна Влада и стабилно мнозинство поради почетокот на преговори со ЕУ, велат од владејачката партија.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека ги следат случувањата за влез на Алтернатива во Владата. Ќе бидат опозициска партија која ќе се бори со факти и аргументи во Собранието и не се откажуваат од барањето за предвремени парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.