На денот кога започна учебната година, Алтернатива забележува дека училиштата и наставниот процес ги чека нов неуспех.

„На денот кога повеќето ученици треба да почнат со онлајн настава, над 40 илјади ученици немаат опрема за ваква настава, училиштата во нашата земја немаат интернет, наставниците немаат персонални компјутери, а учениците и родителите се збунети за тоа што претставува овој тип на импровизирано учење и тие сé повеќе се убедуваат дека државата се однесува несериозно со иднината на своите граѓани. Ако им кажете на децата и родителите „снајдете се како што можете, бидејќи за вас немаме ниту интернет, ниту компјутери“, без да го земете предвид физичкиот простор каде треба да се следи онлајн наставата, ова е знак дека и почетокот на оваа учебна година ќе пропадне“, велат од Алтернатива на Африм Гаши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.