Граѓаните можеа вчера да видат како Деловникот беше самоволно толкуван од Талат Џафери, практично ДУИ и СДСМ својата агенда ја спроведуваат преку однесувањето на Џафери, рече пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Миле Лефков во „Студио 10“ на ТВ24.

На крајот на денот Џафери се обиде да прогласи победа дека е изгласен дневниот ред, тоа е пирова победа. Целта беше да помине само дневниот ред и да покажат дека имаат определена надмоќ. Ја срушија демократската култура. Кога Ковачевски стана премиер, рековме дека тој нема легитимитет, секогаш кога има автократија, прво нешто кое треба да се направи е да се намали угледот на парламентарците, и тоа гледаме дека во континуитет се случува во македонското Собрание. Нема да дозволиме да се урниса угледот на Собранието. Активната блокада е пропратена со промени на дневниот ред, но и со поднесување на закони кои се во директен интерес на граѓаните, вели Лефков.

Ова е само дел од однесувањето на собранискиот спикер синоќа:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.