Алишериф, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Боговиње и одговори на Нола Исмајлоска,која денеска изјави дека пратениците кои сметаат дека се поранешни  и не поддржуваат свикување на Собранието да ги вратат платите, и на својот фејсбук профил напиша:

Ја слушам Нола која е со надимак Нула, како вели тие што се чуствуваат поранешни пратеници да ги донирале платите, а таа која не се чуствувала за поранешна ќе продолжела да работи и ќе поддржела свикување на собранието. Иако акт за свикување на собрание не е работа на чуство туку правен факт кој говори дека таков еден потег би бил противуставен, сепак сметам дека е добро што Нола говори за чувства, па еве и јас ќе споделам неколку во однос на нејзе. Нола Исмајловска стана пратеник од ВМРО ДПМНЕ, дури беше и еден од членовите на Извршниот Комитет на нашата партија. Тие што биле присутни на седниците велат неодминливо беше нејзиното дехидрирање од критика кон Заев и неговата антимакедонска политика. Присутните исто така велат задолжително се поставувале по неколку шишиња со вода пред нејзе за да ја надохнади течноста поради таквиот психички и физички напор. Е сега кога говориме за чувства Нола викана Нула ги предаде чуствата на ВМРО ДПМНЕ која ја направи пратеник и ја повикувам во тоа име да ги донира сите плати како пратеник во борбата против короната. Ако ги има потрошено нека побара од нејзиниот газда Заев кој сигурен сум дека има одвишок, мерено според тоа колку ја краде активно нашата држава и народ. И патем нормално на состаноците со Заев водете сметка секогаш да има вода, дехидрацијата од фалење на Заев е сепак штетна по здравјето.

Ја слушам Нола која е со надимак Нула, како вели тие што се чуствуваат поранешни пратеници да ги донирале платите, а таа…

Posted by Shekspir Sheki Alisherif on Wednesday, April 22, 2020

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.